Населени места

Во Општина Старо Нагоричане има вкупно 39 населени места: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Пелинце, Пузаљка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце, и Челопек.

Население

Бројот на жители во Старо Нагоричане е 4840 на површина од 451 км2. Од вкупниот број на жители 2271 се жени а 2569 се мажи. Според бројот на жители густина на населението изнесува 12 жители на км2.

Знаменитости на општината

Зебрњак- Спомен костурница с. Младо Нагоричане
Костоперска Карпа – Локалитет во с. Младо Нагоричане
Св. Ѓорѓи Победоносец- Црква во с. Младо Нагоричане
Св. Петка- Црква во с. Младо Нагоричане
Св. Ѓорѓи- Црква во с. Старо Нагоричане
Св. Прохор Пчински- Испосница во с. Старо Нагоричане
Геотермална бања с. Стрновац
Забел – Манастир во с. Никуљане
АСНОМ- Меморијален Центар во с. Пелинце
Кокино- Мегалитска Опсерваторија Татиќев Камен
Карпино- Манастир с. Сув Орах
Св. Ѓорѓија и св. Никола- Двојна црква во с. Сув Орах