Жаклина Јовановска

Градоначалник на Општина Старо Нагоричане

Г-ѓа Жаклина Јовановска е родена на 30 август, 1971 година во Куманово.

Образование :

Основно и Средно училиште завршила во Скопје.

Дипломира на Меѓународен славјански универзитет на факултет за економски науки и се здобива со звање дипломиран економист менаџер.

Брачен статус: Oмажена, мајка на две деца.

Професионален ангажман:

Има работено во сопствено претпријатие специјализирано за земјоделско производство за да подоцна се вработи во ЈП Чистота и зеленило во Куманово.

Во периодот од 2005 до 2013 година била член на Советот на општина Старо Нагоричане, каде исто така како Советник има несебичен ангажман во изработка на Стратегии и планови за развој на општината

Функцијата Градоначалник на општина Старо Нагоричане ја врши од 2017 година до денес.