Еднократна парична помош на семејства со новороденче

Советот на Општина Старо Нагоричане има донесено одлука за исплата на еднократен надоместок за секое новороденче на територијата на Општина Старо Нагоричане. Линк од барањето кое треба да се достави во Општина Старо Нагоричане.

http://staronagoricane.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/за-новороденче.pdf

Ослободување од плаќање на 15м3 потрошена вода

Советот на Општина Старо Нагоричане има донесено одлука за ослободување од плаќање на 15м3 потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку ЈКП “Козјак“ Старо Нагоричане и во кое има новороденче. Линк од барањето кое треба да се достави во Општина Старо Нагоричане.

http://staronagoricane.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/15м3.pdf

Еднократна парична помош за секој студент

Советот на Општина Старо Нагоричане има донесено одлука за исплата на еднократен надоместок на секој студент на територија на Општина Старо Нагоричане. Линк од барањето кое треба да се достави во Општина Старо Нагоричане.

http://staronagoricane.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/Студенти.pdf

Ослободување од плаќање на 10м3 потрошена вода

Советот на Општина Старо Нагоричане има донесено одлука за ослободување од плаќање на 10м3 потрошена вода за лица со посебни потреби во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку ЈКП “Козјак“ Старо Нагоричане и во кое има лице со посебни потреби. Линк од барањето кое треба да се достави во Општина Старо Нагоричане.

http://staronagoricane.gov.mk/wp-content/uploads/2021/08/Барање-за-лица-со-посебни-потреби.pdf