Проектот е аплициран од општината Старо Нагоричане преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој (АФПЗРР) во износ од  5 024 537,00 денари  и    904 417,00 денари обезбедени од буџетот на Општина Старо Нагоричане. Вкупниот износ е     5 928 954,00 денари.

Градежните работи ги изведува ДПГТУ КООП ИНЖИНЕРИНГ ДОО Куманово под надзор на Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии (ЗИМ)  “Скопје” АД Скопје.

Со асфалтирање на повеќе локални патишта во општината допринесуваме во подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини.