Преку апликацијата што ја имаше поднесено општина Старо Нагоричане до Владата на Република Северна Македонија и со директна поддршка од Градоначалничката Жаклина Јовановска и Советот на општина Старо Нагоричане во ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” с. Драгоманце досегашниот начин на затоплување со нафта беше заменет со еколошки и високо ефикасен котел на пелети за греење. Новиот еколошки извор на затоплување освен што е еден од најекономичните начини на греење и очекуваме трошоците за греење на овој објект да бидат преполовени, најголемата предност ја гледаме во минимално загадување на животната средина и амбиенталниот воздух што претставува голем проблем во зимскиот период.