Овој проект за реконструкција и санација на оштетените делови на мостот е овозможен од Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Проектот за реконструкција на мостот е од особено значење за жителите кои живеат и гравитираат на овој дел од општината. Зголеменото ниво на водата низ годините успеало да нанесе штета на одредени делови од мостот и слегнување на главните столбови. Со проектот е предвидено санација на четири столбни места, санација на коловозната плоча на местото со слегнувањето, изведба на нова хидроизолација и нова асфалтна конструкција. Мостот е од особено значење бидејќи поврзува поголем дел од планинските села во козјачкиот крај како и патот до Мегалитската опсерваторија Кокино и централното основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во с. Драгоманце. Градежните работи ги изведува градежната компанија „ЖИКОЛ“ Струмица, а за надзор е задолжен „ГЕИНГ”-Скопје. Освен санација на конструкцијата предвидено е и регулирање на речното корито со цел да се заштити обработливата земјоделска површина од поплави предизвикани од поројни дождови од двете страни на реката.