Проектот е аплициран од општина Старо Нагоричане преку Центар за развој на Североисточен плански регион, а е финансиран од Биро за рамномерен регионален развој.Младо Нагоричане е село кое е најголемо по површина и има најголем број жители во општина Старо Нагоричане. Со асфалтирање на повеќе локални патишта во општината допринесуваме во подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини.Еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзување на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот.